Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 163.977 статии на македонски јазик и 291 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија

Александар Ончев Мартулков, познат по псевдонимот Бизмаркмакедонски револуционер и политичар. Меѓу првите пропагатори на социјализмот во Македонија. Деец на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание. Член и раководител на ВМРО (Обединета) во 1930-тите.

Роден во сиромашно работничко семејство, стекнал више образование во Скопското педагошко училиште. Во 1894 година се приклучил во социјалистичкото движење со поттик од Васил Главинов. Како член на Македонската социјалистичка група, учествувал во првото празнување на ден на трудот во Бугарија. Во 1900-тите соработувал со Велешкиот револуционерен реон и Иван Аљабакот. Во 1906 година се преселил во Софија каде се приклучил во Бугарската комунистичка партија. Учествувал во политичкото управување на Македонија по Младотурската револуција.

За време на Првата светска војна, го основал Комитетот на дезертери каде префрлил македонски борци од српската војска во Царството Бугарија. Во текот на војната бил секретар на Општина Оморани и подоцна чиновник во Косово и Метохија. По војната се приклучил во Емигрантскиот комунистички сојуз и Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“. Во 1931 година бил одбран за пратеник во народното собрание на Бугарија, заедно со Христо Трајков. Во 1932 година почнал со издавањето на весникот „Македонско знаме, следната година доживеал неуспешен обид на атентат од Михајловистите. На 8 јули 1936 година, го осудиле Мартуков заедно со останатите членови на ЦК на ВМРО (Обединета).

Учествувал во Народноослободителната борба. Во 1944 година се приклучил во Президиумот на АСНОМ и подоцна во народното собрание на НР Македонија. Помогнал со спроведување на Илинденската пензија и подоцна доделување на Илинденската споменица. Во 1954 година ги објавил неговите спомени насловени Моето учество во револуционерните борби на Македонија. Во текот на 1960-тите, Лазар Колишевски го изолирал Мартулков од секојдневните политички функции. Незадоволен со режимот, се преселил во Народна Република Бугарија каде починал. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 5 септември 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1600  Со повелба на кралицата Елизабета I е основана Источноиндиската компанија, со што беа удрени темелите на англиското колонијално владеење.
1774  Првиот континентален конгрес се собира во Филаделфија, Пенсилванија.
1800  Малта е освоена од Велика Британија.
1914  Прва светска војна: Почнува Првата битка на Марна. Североисточно од Париз, Французите напаѓаат и поразуваат германски сили кои напредуваат кон главниот град.
1939  Втора светска војна: САД прогласува неутралност во војната.
1948  Роберт Шуман станува премиер на Франција.
1977  Сондата „Војаџер 1“ лансирана по мало задоцнување. На сондата е испратена златна плоча со снимки и симболи со кои им се претставува Земјата на потенцијалните вонземски цивилизации кои би наишле на неа.
1992  Бранко Црвенковски стана втор премиер на Република Македонија, на возраст од 29 години.
2011  Пуштена втората верзија на Енциклопедијата на живиот свет.

Родени:

1187  Луј VIIIкрал на Франција.
1638  Луј XIV — крал на Франција и Навара.
1568  Томазо Кампанелаиталијански филозоф.
1585  Арман Жан ди Плеси Ришелје — француски државник, кардинал, прв министер на Луј XIII.
1704  Морис Кантен де Ла Тур — француски сликар.
1750  Роберт Фергусоншкотски поет.
1774  Каспар Давид Фридрих — германски сликар.
1847  Џеси Џејмс — американски отпадник.
1881  Ото Бауеравстриски социјалдемоктратски политичар.
1912  Џон Кејџ — американски композитор, теоретичар и писател.
1919  Владо Малескимакедонски револуционер, општествено-политички работник и писател.
1929  Андријан Николаев — советски космонаут.
1942  Вернер Херцог — германски режисер.
1946  Фреди Меркјури — британски рок пејач, член на групата „Квин“ (The Queen).
1947  Бади Мајлс — американски рок и фанк тапанар.
1951  Паул Брајтнер — германски фудбалер.
1951  Мајкл Китон — американски глумец.
1959  Рефет Елмази — македонски политичар.
1963  Кристиан Алфонсо — американска глумица.
1966  Милинко Пантиќ — српски фудбалер и тренер.
1967  Матијас Замер — германски фудбалер.
1967  Никола Којо — српски глумец и режисер.
1973  Роуз Мекгауан — американска глумица од италијанско потекло.
1981  Дру Картер — американски рагби играч.
1981  Даниел Морено — шпански велосипедист.
1984  Руслан Нахушев — руски фудбалер.
1984  Крис Анкер Серенсен — дански велосипедист.
1992  Александар Трајковски — македонски фудбалер.
2001  Букајо Сака — англиски фудбалер.

Починале:

1566  Сулејман Величествениототомански султан.
1629  Доменико Алегри — италијански композитор.
1808  Џон Хоум — шкотски писател.
1906  Лудвиг Болцман — австриски физичар.
1920  Роберт Харон — американски глумец.
1926  Карл Харер — германски новинар.
1961  Алексо Демниевски - Бауман — македонски борец во Шпанската граѓанска војна и во НОВ на Македонија.
1988  Петар Ширилов — македонски писател и литературен критичар
1990  Ванчо Михајлов — раководител на ВМРО.
1994  Ајк Вилијамс — американски боксер.
1997  Мајка Терезакатоличка калуѓерка, добитничка на Нобеловата награда за мир и светица.
2017  Холгер Шукај — германски рок-музичар.
2021  Сара Хардинг — англиска пејачка, глумица и манекенка.
2025  Рик Дејвис — британски рок-музичар, член на групата Супертремп (Supertramp).
2025  Дејви Џонсон — американски играч на бејзбол.
Издвоен цитат

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот

Стариот дел на Талин на изгрев.
Дали сте знаеле...


Јосиф Михајловиќ - Јурукоски
Јосиф Михајловиќ - Јурукоски


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 163.977 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич